1) Зајакнување на зелените капацитети во Македонија
Донатор: Foundation Bureau de Helling Democracy Development Aboard, Nederland
Време на имплементација: 01/2019-12/2019
Буџет: 28.895 ЕУР
Општа цел: Зајакнување на зелените капацитети во Македонија.
Специфична цел 1: Зајакнати капацитети на зелените активисти за промовирање на зелените вредности преку социјалните медиуми.
Специфична цел 2: Подобрени вештини за застапување на зелените советници и членовите на Парламентот.
Специфична цел 3: Подобрени вештини за вмрежување на зелените активности - НВОи, експерти, академска заедница.
Специфична цел 4: Подобрена видливост на зелените активисти.
Краток опис: Активностите насочени кон мобилизација и обука на зелените активисти на национално ниво, кон промоција на зелените вредности, евалуација на резултатите и подобрување на нивните капацитети за застапување за конкретни теми. Зајакнати капацитети на зелените активисти за специфични зелени теми (рударство, урбанизам, климатски промени) преку обезбедување релевантни информации и податоци од експертите и документите за политики. Придонесе за вмрежување на зелените активности, граѓански организации, експерти, академија. Подигната свест кај општата популација со зелени определби.
Активности:
1. Подготвени 25 видео клипови на зелените советници со заложбите и резултатите како надоврзување на активностите во текот на 2018 година. Видеата беа дистрибуирани преку социјалните мрежи.
2. Теренска работа и обука за кампањи на зелените активисти, еднодневен настан, обучени се 42 учесници. Споделено искуство со зелени теми и движења од Холандија и Македонија.
3. Национална конференција за рударство: Не за рударството, да за зелената економија, презентери беа граѓански активисти против рударството од југоисточните општини погодени од отворањето на нови рудници; 50 учесници, покриено со над 10 медиуми. Презентирани рударството и влијанието врз животната средина и здравјето на луѓето; понудени решенија од зелена економија наместо рударство.
4. Национална конференција за зелен урбанизам: Како да го зазелениме урбанизмот? презентери беа граѓански еко-активисти кои се борат против нехумано урбанистичко планирање, локални советници и државни институции; 120 учесници, покриено со над 10 медиуми. Беа елаборирани актуелните состојби со зеленилото во урбаните средини, влијанието врз животната средина и луѓето, како и националната и меѓународната законодавна рамка.
5. Стратешки и евалуациски состанок на зелените политичари, дводневен настан, 25 учесници во Берово, заедно со претставници од Зелениот институт и Биро де Хелинг разговараа за постигнувањата и следните цели.
6. Обука за млади зелени активисти за младинско ангажирање, теренска работа и кампања, дводневна обука на 20 зелени млади активисти за кампања преку социјалните медиуми, јавна презентација и ангажирање во теренска работа. Биро Де Хелинг обезбеди поддршка од меѓународен тренер.
7. Национална конференција за климатски промени, со Томас Вајц, копретседавач на Европските Зелени, државен секретар од Министерството за животна средина, граѓански активисти, експерти; 50 учесници, покриено со медиуми. Посветена на климатските промени како речиси „недопрена тема“ во земјава, а сепак исклучително важна.
Производи:
- 25 видео клипови;
- Политика за рударство;
- Политика за зелен урбанизам;
- Документ за политики за климатски промени.
2) Платформа за координација и граѓанско учество во инспекциски надзор врз загадувачи на воздухот
Донатор: Министерство за животна средина и просторно планирање на РСМ
Време на имплементација: 05/2019-11/2019
Буџет: 300.000 МКД/4.878 ЕУР
Општа цел: Да се намали аерозагадувањето во Градот Скопје.
Специфична цел 1: Подигање на капацитетите на овластените инспектори за животна средина во Градот Скопје и општините во Градот Скопје.
Специфична цел 2: Подобрена координација помеѓу овластените инспектори за животна средина во Градот Скопје и општините во Градот Скопје.
Специфична цел 3: Овозможување на пристап на јавноста до информации за емисии во воздухот од страна на индустриските загадувачи.
Специфична цел 4: Вклучување на граѓаните во инспекцијата на изворите на аерозагадувањето од индустријата.
Краток опис: Активности за намалување на аерозагадувањето, преку подигање на капацитетите и координацијата на инспекторите за животна средина во Градот Скопје и неговите општини, како и преку вклучување на граѓаните во инспекцијата на изворите на загадување од индустријата. Учествуваа советници, инспектори за животна средина од општините и од Градот Скопје, граѓански активисти, претставници од загадувачите, медиуми. Се спроведе во Градот Скопје, со 4 пилот општини – Карпош, Центар, Аеродром и Гази Баба. Започна со анкета на општинските инспектори за животна средина и загадувачите, па анализа и нејзино претставување на јавни дебати по општините. Се изврши обука на сите општински инспектори за животна средина на територијата на Скопје, заедно со градските инспектори, кои го пренесоа своето позитивно искуство. Ова беше прва институционална координација за спроведување инспекциски надзор над загадувачите. Се подготви и прирачник за инспекторите, а се поттикна и транспарентноста и директната комуникација со граѓаните за пријавување загадување.
Активности:
1. Спроведување анкета со претходно дефиниран прашалник за општинските служби и индустриските загадувачи.
2. Изработка на анализа врз база на обработка на резултатите од анкетата.
3. Спроведување пилот обука за овластените инспектори за животна средина во Градот Скопје и општините во градот Скопје (Карпош, Центар, Аеродром и Гази Баба), со преходно изработен материјал за обука.
4. Изработка на Рамковен мандат и Деловник за работа на “Инспекциски панел”.
6. Одржување на “Инспекциски панел” (2 состанока со овластени инспектори за животна средина на ниво на Скопје).
7. Дефинирање на форматот и начинот на публикување на резултатите од извршениот инспекциски надзор и годишните извештаи за мониторинг на емисии во воздухот на “Б” инсталациите.
8. Публикување и популаризирање на извештаите.
9. Воспоставување “жешка линија” и други канали за пријавување аерозагадување од индустријата од страна на граѓаните.
Резултати:
1. Подготвена Анализа за ефективноста на инспекциските надзори над загадувачите, според податоци од општинските инспектори и правните субјекти што загадуваат во општините Карпош, Аеродром, Центар и Гази Баба.
Заклучоци и согледувања:
- Инспекторите и загадувачката индустрија се задоволни од својата работа и меѓусебната соработка(!)
- Инспекторите признаваат дека немаат доволно обученост за спроведување надзор, ниту за комуникација со граѓаните.
- Ретко или скоро никогаш испитаниците од општинските инсталации (загадувачи) не биде предмет на вонреден инспекциски надзор(!)
- Потребно е да се зајакнат капацитетите на инспекторите за вршење на надзор во две насоки: обуки за вршење на надзор на спефицични технологии и соодветна опрема за вршење на тој надзор.
- Потребен е повеке персонал и соодветна опрема за да може казните да се процесуираат.
- Потребно е да се зголеми бројот на инспектори сообразно на бројот на инсталации во секоја општина.
2. Одржана обука за инспекциски надзор со теми: инспекциска постапка, инспекциски надзор, законодавство, практика и координација со Градската инспекција (присуствуваа 17 инспектори за животна средина, вклучително и раководителот на градскиот инспекторат во Скопје, Мирослав Богдановски).
Заклучоци и согледувања:
- Ова беше прва институционална координација помеѓу општинските и градските инспектори за животна средина за соработка при спроведување инспекциски надзор над загадувачите.
- Потребно е подигање на свеста и информирање на граѓаните за можностите за ефективна соработка со инспекциските служби.
- Потребно е јакнење на капацитети на институциите за подобрување на инспекцискиот надзор.
- Потребно е подобрување на правната рамка во насока на подобрување на инспекцискиот надзор.
- Правилникот за гранични вредности, што е изменет на иницијатива на Инспекторатот на Град Скопје, а во мегувреме стапи на сила, треба да овозможи поефикасно вршење на работите на инспекторите, на кои до сега им беше ускратена оваа алатка и онезвозможуваше казнување на оние кои ги прекршиле законите.
- Потребно е да се дефинираат ингеренциите на различните органи на управата.
- Препораки до општините за подобрување на состојбата со жиивотната средина во општините на градот Скопје.
3. Организирани и одржани 4 општински јавни дебати (Карпош, Аеродром, Центар и Гази Баба) со присуство на граѓани, граѓански активисти и голем број медиуми. Не присуствуваа градоначалниците кои беа поканети.
Заклучоци и согледувања:
- Потребно е подигнување на свеста и информирање на граѓаните за можностите за ефективна соработка со инспекциските служби
- Инспекциите треба да обезбедат комуникација со граѓаните (активни телефони) и една „црвена линија“, унифицирана за сите инспектори во Скопје.
- Потребно е да се изгради доверба меѓу граѓаните и инпекторите кои со заеднички напори ке покажат нетолеранција кон загадувачите (едните ке пријавуваат, а другите ќе постапуваат и казнуваат соодветно).
- Граѓаните треба да бидат информирани дека дојавата до инспекторатите е анонимна (инспекторите треба да ја чуваат информацијата од кого е дојавата во тајност). За повреда на тоа право може да се побара одговорност од инспекторите. Воедно, инспекторатот има обврска да одговори на претставката од граѓанинот во рок до 15 дена.
- Согласно Законот за јавна чистота, полицијата има право и должност да одговори на дојава од граѓаните при повреда на законот.
- Инспекторатите треба да бидат транспаретни во вршењето на својата работа.
- Државата мора да обезбеди акредитирана лабораторија за анализи.
- Потребни се повеке вонредни инспекциски надзори, според оперативни планови и издадени елаборати, но со мерење, а не само со преглед на издадени документи.
- Покрај инспекторите, потребно е едукација и на судиите, во насока на поефекасно решавање на предмети поднесени од страна на инспекторатите.
- Потребно е да се направи Регистар на загадувачи (какви горива користат).
- Потребен е Правилник за дозволени цврсти горива.
- Потребна е координација со Пазарен инспекторат и Царина, заради проверка на квалитетот на увоз на горива, како и соодветна опрема за Царината.
- Потребна е подобра правна рамка за подобрување на инспекцискиот надзор.
- Потребно е да се дефинираат ингеренциите на различните органи на управата за подобра координација на инспекторатите на верткално и хоризонтално ниво.
- Во насока на превенција, треба да се подобрат стандардите и процедурите за стекнување дозвола за работа на инсталациите, при Управата за животна средина.
- Државата мора да воспостави подобар систем на контрола при индиции за коруптивни практики во областа животна средина.
3) Зелени фондови во сивите области - корупција во екологијата под будното око на медиумите и ГО во Република Србија и Република Северна Македонија
Донатор: Европска Унија, Програма за мали грантови: Поддршка на локалните граѓански организации во спроведувањето на ЕУ и регионалната антикорупциска агенда, Програма SELDI, 2018/394-123 - GA1.
Партнер: Ромски центар за демократију, Бујановац – Србија, лидер; Зелен институт, Скопје – Македонија.
Време на имплементација: 09/2019 – 05/2020
Буџет: 11.947 ЕУР
Буџет на Зелен институт: 5.625 EUR
Општа цел: Да се придонесе во борбата против постоечката корупција во областа на животната средина, здружување на медиумите и граѓанското општество во Србија и Македонија. Животната средина веќе страда од неправилности во јавните набавки и Индексот на перцепција на корупцијата ја рангира Србија на 87 место, а Македонија на 93 место од 180 земји.
Специфична цел 1: Градење на капацитетите на медиумите и граѓанското општество со цел да се обезбеди поширока јавна поддршка и да се искористат постоечките механизми за борба против корупцијата при трошење јавни фондови за заштита на животната средина.
Специфична цел 1: Соработка на истражувачките новинари и граѓанските организации од Србија и Македонија во заеднички напори за разоткривање и борба против корупциските практики во трошењето на јавните средства за животна средина.
Краток опис: За да постигнеме конкретни цели, соработувавме со новинари од областа на истражувачкото новинарство од Србија и Македонија и граѓански организации кои работат во областа на борбата против корупцијата во животната средина. Познати се случаи кога не е јасно зошто одговорните институции не преземаат никакви правни дејствија. Проектот има намера да ги процени ваквите случаи во Македонија и Србија, особено во Врање и Скопскиот регион (на пр. Александровачко Езеро во близина на Врање и санитарната депонија Дрисла во близина на Скопје).
Активности:
1. Повик за истражувачки новинари за 2-дневна обука за Поглавје 27, со фокус на животната средина и корупцијата (вкупно 10).
2. Поддршка на новинарите да подготват и објават написи (5 по земја) на нашите веб-портали (www.ktjs.rs и www.text.mk) за случаи на корупција и неправилности во областите за заштита на животната средина.
3. Организирање две ТВ емисии на локалните телевизии (TV Код и TV Инфо Пулс), за да се подигне јавната свест за овој вид корупција во двете земји.
4. Изградба на регионална мрежа на граѓански организации и поединци/експерти кои сакаат да го следат напредокот на корупцијата во случаите на фондови за животна средина.
5. Изработка на брошура со објавените текстови.
6. Подготовка на документи за политиките за двете земји, за борба против корупциските практики и нивно испраќање до заинтересираните страни и релевантните институции (на пример, јавното обвинителство).
Резултати:
- Воспоставена соработка за заедничките активности на засегнатите страни во проектот со цел да се овозможи владеење на правото.
- Воспоставена регионална мрежа на граѓански организации и поединци/експерти.
Производи:
- 5 написи за корупција во животната средина:
1) Elizabeta Damjanovska – Скопје ја губи битката со загадениот воздух поради езаинтересираните инспектори
https://www.slobodenpecat.mk/skopje-ja-gubi-bitkata-so-zagadeniot-vozduh-poradi-nezainteresiranite-inspektori/
2) Filip Spirovski – Неготино без депонија на работ од депонија
https://text.mk/%d0%bd%d0%b5%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%be-%d0%b1%d0%b5%d0%b7-%d0%b4%d0%b5%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82-%d0%be%d0%b4-%d0%b4%d0%b5%d0%bf%d0%be/
3) Иванка Спировска - Дива депонија до резервоар од кој вода пијат жители на четири села
https://scoop.mk/%d0%b4%d0%b8%d0%b2%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b4%d0%be-%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b5%d1%80%d0%b2%d0%be%d0%b0%d1%80-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d1%98-%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0/
4) Наташа Доковска - „…И остани ѓубре до краја…“
https://text.mk/%d0%b8-%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d1%93%d1%83%d0%b1%d1%80%d0%b5-%d0%b4%d0%be-%d0%ba%d1%80%d0%b0%d1%98%d0%b0/
5) Жаклина Хаџи-Зафирова – Милиони се трошат за екологија, а околу 1.600 луѓе умираат предвреме од загаден воздух
https://scoop.mk/%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d1%82%d1%80%d0%be%d1%88%d0%b0%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b0-%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb%d1%83/
- репортажа/ТВ емисија Код на националната телевизија Телма, на 26 јан. 2020, реализирана од новинарката Снежана Лупевска Созен, за активностите сомнителни за корупција при увоз на отпад во депонијата „Дрисла“ и негова употреба во цементарицата „Усје“ во Скопје. ТВ емисијата предизвика силни реакции на јавноста, што резултираше со реакции од државните институции. Во Парламентот беа усвоени амандмани на Законот за отпад, со забрана за увоз на отпад како енергенс. По емитувањето имаше зголемен интерес за увоз на отпад во државата и за неговото влијание врз здравјето и животната средина. Дополнително, се отвори прашањето за начинот на функционирање на државните институции одговорни за контрола и супервизија на менаџирањето со отпад, со понатамошни последици.
https://www.youtube.com/watch?v=AnzxTOUTObQ&list=UUJWqgAOqcAlOtVoMwraB7bA&index=39
- брошура со објавените текстови, пет (5) во Р.С. Македонија и пет (5) Р. Србија, на македонски и српски јазик, 130 страници, 200 примероци.
4) Следи ги инцидентите – (не)намерни пропусти и загадување на животната средина
Донатор: Европската Унија, суб-грант на проектот Заедно во борба против корупција, Програма за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите ИПА/2017/392-518.
Партнер: Центар за истражувачко новинарство СКУП МАКЕДОНИЈА од Скопје, носител на проектот, Институт за човекови права (ИЧП) од Скопје и Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар.
Време на имплементација: 12/2019 – 06/2020
Буџет: 12.422 ЕУР
Општа цел: Подигнување на свеста на граѓаните за пропустите од страна на институциите во областа на животната средина и препознавање коруптивни практики.
Спефицична цел 1: Препознавање на коруптивните практики и обезбедување учество на јавноста во детектирање и превенција на корупција во областа на животната средина.
Спефицична цел 2: Поголема отчетност на индустриските капацитети како потенцијални загадувачи и нивна транспарентност, за да се види дали се почитуваат законите при работењето, или се заобиколуваат поради корупција.
Краток опис: Серија активности во насока на истражување случаи на потенцијална корупција и анимирање на јавноста и институциите за нивно препознавање и правилно решавање. Во контекст на голем број еколошки инциденти, за кои надлежните институции не секогаш навремено реагираат, па оправдано се помислува на корупција.
Активности:
1. Мапирање на индустриски капацитети (потенцијалните и де факто загадувачките индустрии), начинот и постапката на издавање на А и Б дозволи. Можност одблизу да се следи нивната работа, почитувањето на законските процедури и колку државните органи ги толерираат нивните евентуални пропусти во работењето.
2. Анализа на усогласеноста на постапките во областа на животна средина, со Законот за општа управна постапка, Законот за прекршоци, Законот за минерални суровини. Преглед на законските одредби кои го регулираат отварањето и работењето на индустриските капацитети, со посебен акцент на Законот за минерални суровини.
3. Анализа на студии на случаи од областа на корупција во животна средина, минимум 5 случаи, каде што имало инциденти со последици по животната средина, по што имало реакции и барања од јавноста да се затворат индустриските капацитети, начинот на кој е издејствувано тоа. Овие резултати ќе служат како добра практика како треба да се постапува од страна на концесионерите, државните органи и институции, инспекциските служби. Кај граѓанските организации и кај новинарите ќе се разбуди свеста за погласно да реагираат против сите неправилности во индустрискиот сектор.
4. Упатување на прашања до општините и Министерството за животна средина и просторно планирање преку правото за слободен пристап до информации, за сите недоречености и нејаснотии во законските решенија од областа на животната средина и нивно (не)доследно спроведување во работењето на индустриските капацитети. Прашањата беа упатени до МЖСПП и општините, кои се надлежни органи за издавање на А и Б дозволите. Институциите беа транспарентни и дадоа одговори на сите прашања.
5. Објава на текстови и новинарски статии на веб страната: www.text.mk. Целата истражувачка работа е преточена во текстови и новинарски статии кои беа достапни до пошироката јавност преку веб страната со која имаме соработка. На тој начин голем број граѓани и граѓански организации имаа можност одблиску да се запознаат со тековните состојби и случаи, поврзани со некои индустриски капацитети.
6. Јавна дебата со граѓански организации и граѓани, за зајакнување на нивните капацитети и знаења во поглед на корупцијата, со што полесно ќе ја препознаат, ќе можат да делуваат превентивно, но и да ги преземат сите законски средства кои им стојат на располагање, секогаш кога ќе дојдат во допир или ќе имаат сомнеж за неа.
Резултати:
- Детектирани 5 случаи
1) Неотворениот рудник Казандол
2) Дрисла и отпадот кој се согорува таму
3) Пресушувањето на Преспанското Езеро
4) Поморот на риби во р. Вардар од страна на Ацерол Миттал
5) Титан (УСЈЕ), односно суровината која се користи како гориво за работа на истиот индустриски капацитет.
Производи:
- 5 истражувачки новинарски стории:
1) Наташа Доковска Спировска - Отешево заточено во сопственото богатство
https://text.mk/%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%BF%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0/
2) Верица Димитријевска - Дали случајот со рудникот Казандол ќе биде „пречка“ за идни коруптивни мотиви?
https://text.mk/%d0%b4%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d1%81%d0%bb%d1%83%d1%87%d0%b0%d1%98%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%be-%d1%80%d1%83%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%be%d0%bb-%d1%9c%d0%b5/
3) Филип Спировски - Заштитата на „Арцелор Миттал “на сметка на здравјето на граѓаните и јавниот интерес
https://text.mk/%d0%b7%d0%b0%d1%88%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%80-%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%82%d0%b0%d0%bb-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%bc%d0%b5/
4) Катерина Топалова - Може ли Ковид-19 да ги разболи и оние кои ќе ги заобиколи?!
https://text.mk/%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5-%D0%BB%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4-19-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B8-%D0%B8-%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%9C/
5) Елизабета Д. Спасеновска - Инциденти – (не)намерни пропусти на индустриските објекти кои предизвикаа загадување на животната средина
https://text.mk/%D0%B8%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8-%D0%BD%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%83/