Бр. 10 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПОМЛАД ЕКСПЕРТ ЗА УРБАНИЗАМ И КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на помлад експерт за урбанизам и климатски промени, во рамки на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроедува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Избраниот кандидат ќе ги спроведе следните активности:
- Анализа на постојни урбанистички планови
- Да се направи преглед на правилниците за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за урбанистичко планирање од аспект на третман на зеленилото и да се анализираат конкретните параметри кои ги задават.
- Да се направи преглед дали се дадени насоки за спроведување на одредбите за зеленило во деловите од плановите кои прозведуваат правно дејство.
- Да се дадат препораки за законски измени со цел заштита на зеленилото во урбанистичкото планирање.
- Да се осмисли и подготви графички приказ на нализите на случај на загуба на зеленило
- Учество во спроведување промотивни активности, дебата и завршна конференција:
- Учество на јавна дебата за резултатите од предлог-законските измени;
- Учество во завршна конференција.
Избраниот кандидат ќе предаде пишани материјали како придонес во изработката на следните извештаи:
- - Придонес кон Извештај Анализа на законската рамка (преглед на правилниците за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за урбанистичко планирање од аспект на третман на зеленилото и анализа на конкретните параметри кои ги задават, како и анализа на дадените насоки за спроведување на одредбите за зеленило во деловите од плановите кои прозведуваат правно дејство.
- - Придонес кон Извештај 3: Анализа на постојни урбанистички планови (графички приказ на анализи на случај на загуба на урбано зеленило)
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- - Мотивациско писмо
- - CV - максимум 2 страници со примери од претходна работа поврзана со урбанистичко планирање или заштита на климата
- - Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси
- - Понуда за цена за извршување на работите
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
- - Академски профил: Универзитетска диплома (архитектонски факултет);
- - Силни аналитички вештини и способност за пишување анализи и извештаи.
Општо професионално искуство:
- - Најмалку една (1) година професионално искуство со урбанистичко планирање, или заштита на климата;
Специфично професионално искуство:
- - Најмалку една (1) година искуство со учество во проекти за заштита на климата;
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во мај 2023 година и ќе трае до јануари 2024 година.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- - Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- - Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.