ОТВОРЕН ПОВИК 08/2023 ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ШУМАРСТВО
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на експерт за шумарство, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроведува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA, а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Избраниот кандидат ќе ги спроведе следните активности:
1. Анализа на законската рамка и изработка на законски предлог измени:
- Утврдување на одредбите од Законот за урбано зеленило и Правилникот за планирање, проектирање,подигање и одржување на зеленилото што несоодветно се применуваат и утврдување на причините за недоволната примена на овие одредби;
- Доставување пишани материјали од наодите на анализата и учество на неделните состаноци на експертскиот тим ангажиран за измена на законите и дискутирање на писмените предлози од другите членови;
2. Учество во спроведување промотивни активности, дебата и завршна конференција :
- Учество на јавна дебата за резултатите од предлог – законските измени;
- Учество во завршна конференција.
Избраниот кандидат ќе ги испорача следните извештаи:
- Придонес кон Извештај 1. Анализа на законската рамка (Утврдување на одредбите од Законот за урбано зеленило и Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување )на зеленилото што несоодветно се применуваат и утврдување на причините за недоволната примена на овие одредби);
- Придонес кон Извештај 2: Предлози за законски измени.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Kратко мотивациско писмо во кое се истакнува релевантното искуство и компетенции, максимум 1 страна
- CV - максимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со шумарство, како и спроведување едукативни активности од областа шумарство и здравје на растенијата
- Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси;
- Понуда за цена на вкупниот ангажман.
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Квалификации и вештини
- Академски профил: Универзитетска диплома (шумарство)
- Одлично познавање на шумарството
- Силни аналитички вештини и способност за пишување анализи и извештаи.
Општо професионално искуство:
- Минимум десет (10) години професионално искуство во дејноста шумарство
- Минимум десет (10) години професионално искуство во спроведување едукација
Специфично професионално искуство:
- Најмалку пет (5) години работно искуство во областа шумарство и здравје на растенија;
- Најмалку пет (5) години искуство во спроведување едукација од областа шумарство и здравје на растенија.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во мај 2023 година и ќе трае до јануари 2024 година.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.