ОТВОРЕН ПОВИК 07/2023 ЗА ЕКСПЕРТИ ЗА ШУМАРСТВО И ПЕЈЗАЖНА АРХИТЕКТУРА
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на двајца (2) експерти за шумарство и пејзажна арxитектура, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроведува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA, а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Избраните кандидати ќе ги спроведат следните активности:
1. Изработка на курикулум за обука на вработените на ЈП Паркови и зеленило за садење, одгледување и одржување на садници од видови отпорни на климатските промени во зелените површини;
2. Спроведување на обуката;
3. Учество во промоцијата на проектните резултати, завршна конференција.
Избраните кандидати ќе ги испорачаат следните извештаи:
- Извештај 1: Курикулум за обука на вработените на ЈП Паркови и зеленило за садење, одгледување и одржување на садници од видови отпорни на климатските промени во зелените површини
- Извештај 2: Резиме за спроведената обука.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Кратко мотивациско писмо во кое се истакнува релевантното искуство и компетенции, максимум 1 страна
- CV - максимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со шумарство и расадничарство, како и спроведување едукативни активности од областа на шумарство и пејзажна архитектура;
- Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси;
- Понуда за цена на вкупниот ангажман.
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Квалификации и вештини:
- - Академски профил: Универзитетска диплома (шумарство и пејзажна архитектура)
- - Одлично познавање на расадничарство
Општо професионално искуство:
- Минимум десет (10) години професионално искуство во дејноста шумарство и пејзажна архитектура
- Минимум три (3) години професионално искуство во спроведување едукација
Специфично професионално искуство:
- Најмалку пет (5) години работно искуство во областа расадничарство;
- Најмалку три (3) години искуство во спроведување едукација од областа шумарство и пејзажна архитектура.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во јуни 2023 година и ќе трае до јануари 2024 година.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите треба да ја испратат комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.