06/2023
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА РЕГУЛАТИВА И КАМПАЊИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на двајца (2) експерти за регулатива и кампањи за животна средина и урбанистичко планирање, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроведува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA, а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Избраните кандидати ќе ги спроведат следните активности:
1. Анализа на законската рамка и изработка на законски предлог-измени:
- Утврдување на одредбите од Законот за урбано зеленило и Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото што несоодветно се применуваат и утврдување на причините за недоволната примена на овие одредби;
- Утврдување на слабостите на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со соодветните правилници во однос на заштитата на урбаното зеленило;
- Изработка на предлог-законски решенија во Законот за урбано зеленило, Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, со соодветните правилници, заради нивно меѓусебно усогласување и вградување одредби за заштита на зеленилото и климата.
2. Учество во спроведување промотивни активности, дебата и завршна конференција:
- Лобирање и застапување на законските измени во институциите;
- Придонес кон проектните активности насочени кон лобирање, застапување и промоција на предлог - законските измени;
- Учество на јавна дебата за резултатите од предлог-законските измени, анализите и истражувањата;
- Придонес кон промоцијата на резултатите од озеленувањето;
- Учество во промоцијата на проектните резултати, завршна конференција.
Избраниот кандидат ќе ги испорача следните извештаи:
- Придонес во Извештај 1. Анализа на законската рамка;
- Придонес во Извештај 2: Предлози за законски измени;
- Придонес во Извештај 4: Формулирани предлози за измена на релевантни закони со кои ЈП Паркови и зеленило, Градот Скопје и управителите / сопствениците на становите заеднички ќе се обврзат да го финансираат подигањето и одржувањето на зеленилото во состав на станбените блокови.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- - Кратко мотивациско писмо во кое се истакнува релевантното искуство и компетенции, максимум 1 страна
- - CV - максимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со заштитата на животната средина и/или планирање на просторот, пишување на закони и подзеконски акти, лобирање, застапување и спроведување стратегии за комуникација и јавни кампањи.
- - Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси;
- - Понуда за цена на вкупниот ангажман.
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Квалификации и вештини:
- - Академски профил: Универзитетска диплома;
- - Најмалку пет (5) години искуство за пишување, застапување и лобирање на закони за животната средина и урбанистичкото планирање;
- - Аналитички вештини и способност за пишување анализи и извештаи;
- - Најмалку седум (7) години искуство со лобирање, застапување и спроведување јавни кампањи.
Општо професионално искуство:
- - Најмалку седум (7) години искуство со заштита на животната средина и урбанистичкото планирање;
- - Најмалку седум (7) години искуство со граѓански организации во областа на животната средина и урбанистичкото планирање;
Специфично професионално искуство:
- - Најмалку пет (5) години искуство во измени на закони и подзаконски акти во животната средина и урбанистичкото планирање;
- - Најмалку седум (7) години искуство во иницијативи за животната средина и урбанистичкото планирање;
- - Најмалку седум (7) години искуство во лобирање, застапување и спроведување јавни кампањи.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во мај 2023 година и ќе трае до февруари 2024 година.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- - Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- - Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.