Ве информираме дека на 24 јануари 2024 г. (среда), со почеток во 11 часот, пред Министерството за економија ќе се одржи прес-конференција на група граѓански активисти кои упатија Барање за гарантирање еколошки параметри во Стратегијата за рударство 2025-2045. Барањата се упатени до Министерството за економија, Владата на Р.С. Македонија и МАНУ, како изготвувач на документот.
Иницијативата ја поведоа 5 организации: Зелен институт, Еко Долина - Ново Село, Здрава Котлина – Струмица, Спас за нас – Гевгелија и Зелените од Гази Баба, а зад неа застанаа вкупно 38 граѓански организации и научни институции.
Овој важен документ го изработува експертски тим во МАНУ, по барање на Министерството за економија и е во фаза на усвојување. Беа организирани две работилници со покани за претставници од: државни и научни институции, рударскиот бизнис и поединечни еколошки организации кои ја следат оваа проблематика, со можност да дискутираат и да дадат писмени забелешки.
Со оглед на искуството со постојните рудници, најавите за отворање нови во изразито земјоделски и туристички места, реотворање стари рудници кои се жешки еколошки точки, како и најавите за нови измени на Законот за минерални суровини, овојпат во интерес на концесионерите, а на штета на здравјето и животната средина, цениме дека е повеќе од неопходна широка дебата со пристап на сите стручни лица и екологисти од Македонија.
Со почит,
Зелен институт
Еко Долина - Ново Село
Здрава Котлина - Струмица
Спас за нас – Гевгелија
Зелените од Гази Баба