Денеска одржаа прес-конференција претставници на 45 граѓански организации и институции од секторот животна средина, со барање до надлежните институции да се гарантираат еколошки параметри во Предлог - Стратегијата за рударство 2025-2045, која е во фаза на усвојување. Барањето беше поднесено до МАНУ, Министерството за економија и Владата на Р.С. Македонија. Присутни беа: Лилјана Поповска од Зелен институт, Костадин Ристоманов од Еко Долина - Ново Село, Ѓорги Танушев од Здрава Котлина – Струмица, и Златко Исаилов од Зелените од Гази Баба, како организации-иницијатори на еколошките барања.
Барање да се гарантираат еколошки параметри во Предлог - Стратегијата за рударство 2025-2045,