Во рамките на проектот „Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство – КУЛТУР“ финансиран од европската унија со контракт број ИПА/2021/429-005, во врска со активноста 1.2 Зајакнување на капацитетите на туристичките провајдери и оператори во Струга и Поградец преку одржување тренинзи за градење на капацитети, проектниот тим одржа 3 обуки во општина Струга на 04, 05, и 06 Јули 2023.
На обуките беа поканети и присуствуваа туристичките провајдери и оператори од општините Струга и Поградец каде што се презентираше темата на одржлив туризам неговите бенефити и примената на одржливиот туризам за да се постават атрактивни понуди и продукти од профилот од одржлив туризам.
На обуките се отвори продуктивна дискусија за промоција на туризмот во регионот на Охридското езеро како УНЕСКО регион, и за како да ги развијат и промовираат своите понуди од одржлив туризам на интернационално ниво.
Со реализација на овие обуки проектниот тим успеа да ги обучи туристичките провајдери и оператори на бенефитите од одржливиот туризам, и за тоа како ефективно да ги користат културните и природните убавини од Охридскиот регион за да ги привлечат потенцијалните туристи.





