Зелен институт Скопје, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, во рамките на проектот ,, Нула биоотпад : Системски промени во партнерство со граѓаните” објавува јавен повик за ангажирање на два (2) технички експерти (во понатамошниот текст „експерти“), кои ќе обезбедат аналитичка, истражувачка и техничка поддршка во рамки на проект за утврдување и институционално прифаќање на решенија за управување со биоотпадот во следните региони и пилот - општини:
Јавен повик за ангажирање на два технички експерти
- Експерт 1: Вардарски и Југоисточен плански регион (пилот-општини: Кавадарци и Радовиш)
- Експерт 2: Источен и Североисточен плански регион (пилот-општини: Берово и Куманово)

Управувањето со биоотпад претставува значаен еколошки, економски и институционален предизвик за општините во Северна Македонија. Недостатокот на систематизирани податоци, ограничените технички капацитети и недоволната координација меѓу засегнатите страни го отежнуваат планирањето и воведувањето одржливи решенија.
Општата цел на проектот е да иницира долгорочна транзиција кон општини со „нула отпад“ преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот. Ова подразбира воспоставување модели засновани на податоци, активно граѓанско учество и интерсекторска координација, кои ќе овозможат намалување на загадувањето, спречување на пожари и рационално користење на ресурсите.
Специфичните цели на проектот се: сеопфатна анализа на создавањето и постапувањето со биоотпад во четири пилот-општини (Радовиш, Куманово, Кавадарци, Берово), иентификација и развој на технолошки, финансиски и институционални модели за третман на биоотпад и поттикнување јавна дебата, медиумска видливост и институционална подготвеност за системско управување со биоотпад.
Преку јакнење на институционалните капацитети и мобилизација на засегнатите страни, проектот создава основа за циркуларна економија и одржлив развој. Интервенцијата ги поврзува општините, јавните претпријатија, индустријата, земјоделските, шумските стопанства и граѓанските организации во заеднички процес на анализа и избор на технолошки и регионални концепциски решенија, со цел нивна натамошна плементација и репликација на национално ниво. На тој начин, биоотпадот се трансформира од еколошки и финансиски товар во ресурс со вредност, а општините добиваат алатки за намалување на трошоците и подобрување на животната средина. Проектот придонесува кон системски промени и овозможувачка околина за граѓански ангажман.
Времетраење: Проектот се спроведува во период од 12 месеци.
Целни групи: проектот е насочен кон ангажирање на општини, јавни комунални претпријатија, земјоделци, шумски стопанства, индустриски капацитети и граѓански организации, вклучувајќи ги,исто така и граѓаните во пилот-општините, со цел унапредување на системското управување со биоотпад.
Преземи го целосниот Опис на работни задачи
Кандидатите треба да ги достават своите апликации (мотивациско писмо, финансиска понуда, биографија (CV) и предлог-методологија) најдоцна до 26 јануари 2026 година, 16 часот, на е- меил
