На 15 жители од старото Нервно одделение во Штип им беа доделени сертификати за доквалификација во рамки на проектот „Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници“.
Со стекнатите вештини – ракувач со вилушкар, кроење и шиење, фризер за жени, бербер, негувател на деца и ѕидар – овие учесници сега ќе можат полесно да се вклучат на пазарот на трудот.
Обуките се реализираа во ПОУ ОГУ „Ванчо Прќе“ од септември 2023 до март 2024, а на доделувањето присуствуваше и претставник од Општина Штип, г-дин Ерол Адемов.



