Во рамките на проектот „Граѓаните против корупцијата во животната средина“, асоцијацијата за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ го објавува овој повик за прибирање понуди за ангажирање на Експерт за спречување корупција и судир на интереси.
Проектот има за цел „Да се мобилизираат граѓаните и да се создаде партнерство со медиумите во борба со корупцијата во животната средина“.
Сите експерти кои ќе се јават на овој повик треба да поседуваат релевантни квалификации и искуство во соодветната област. Потребните квалификации и професионално искуство, како и задачите на експертот во рамките на проектот, се наведени во Terms of Reference (ToR), кој е приложен кон ова барање.
Времетраењето на проектот е од 01.11.2024 до 30.10.2026 година, а Експертот за спречување корупција и судир на интереси ќе биде ангажиран кон крајот на декември 2024 година, па сѐ до завршувањето на проектот. За ангажманот се алоцирани вкупно 25 дена. Компензацијата е утврдена врз основа на усвоениот буџет на проектот од страна на донаторот.
Селекцијата на експертите ќе биде извршена врз основа на:
- Преглед на биографиите, за да се оценат компетенциите и искуството на кандидатите
- Финансиски понуди
- Интервјуа со кандидатите (доколку е потребно)
Ве молиме да доставите Ваша биографија (CV) - максимум 3 страници со примери од претходна работа поврзана со темите обработувани со проектот, како и финансиските понуди и Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси, најдоцна до 19.12.2024 година, на имеил
За повеќе информации или поднесување на понуди, контактирајте ја Зекија Мемедова Христова на 070305964.
Ве молиме проучете го Terms of Reference (ToR) за повеќе детали за проектот и очекувањата од експертите.
