Во рамките на проектот „Граѓаните против корупцијата во животната средина“, асоцијацијата за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ објавува Јавен повик за прибирање понуди за ангажирање на Експерт за животна средина.
Проектот има за цел „Да се мобилизираат граѓаните и да се создаде партнерство со медиумите во борба со корупцијата во животната средина“.
Сите експерти кои ќе се јават на Јавниот оглас треба да поседуваат релевантни квалификации и искуство во соодветната област. Потребните квалификации и професионално искуство, како и задачите на експертот во рамките на проектот, се наведени во Terms of Reference (ToR), кој е приложен кон ова барање. Обврските и задачите на експертот, исто така, се дефинирани во приложениот ToR.
Времетраењето на проектот е од 01.11.2024 до 30.10.2026 година, а Експертот за животна средина ќе биде ангажиран од средината на декември 2024 година, па сѐ до завршувањето на проектот. За ангажманот се алоцирани вкупно 59 дена. Компензацијата е утврдена врз основа на усвоениот буџет на проектот од страна на донаторот.
Селекцијата на експертите ќе биде извршена врз основа на:
- Преглед на биографиите, за да се оценат компетенциите и искуството на кандидатите
- Интервјуа со кандидатите (доколку е потребно)
Ве молиме да доставите Ваша биографија (CV) - максимум 3 страници со примери од претходна работа поврзана со темите обработувани со проектот, како и Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси, најдоцна до 12.12.2024 година, на имеил
За повеќе информации или поднесување на понуди, контактирајте ја Зекија Мемедова Христова на 070305964.
Ве молиме проучете го Terms of Reference (ToR) за повеќе детали за проектот и очекувањата од експертите.
