Донатори: Фондација Биро за развој на демократијата во странство, Холандија.
Време на реализација: 05/2016-07/2016
Буџет: 2.360 ЕУР
Општа цел: Да се придонесе за создавање на критична маса на (млади) луѓе од цела Македонија кои ќе бидат способни јавно да го изразат своето различно мислење, преку нивната поврзаност преку социјалните медиуми.
Краток опис: Серија јавни дебати со млади луѓе организирани во 7 градови во Македонија со најмногу тројца (3) говорници/мотиватори да ја започнат дискусијата и да го презентираат своето мислење. Говорници беа: 2 студентски лидери на Студентскиот пленум (ад хок иницијатива за подобра законска регулатива и услови во високото образование), зелени активисти и еден писател активен на социјалните мрежи со критичари на различни отстапувања во општеството.
Активности:
Дебата во Скопје, 11 јуни, 17 учесници.
Дебата во Кочани, 14 јули, 20 учесници.
Дебата во Штип, 14 јули, 10 учесници.
Дебата во Берово, 15 јули, 24 учесници.
Дебата во Куманово, 18 јули, 15 учесници.
Дебата во Тетово, 18 јули, 18 учесници.
Трибина во Прилеп, 19 јули, 25 учесници.
Резултат:
- Фејсбук група со цел иницирање и одржување дискусија на општата тема;
- Алатки за комуникација помеѓу учесниците на дебатите и другите заинтересирани лица како следбеници преку социјалните медиуми (мејлинг листа со над 100 учесници).
2) Јавна дебата: Како ќе се развива Галичица?
Донатори: Фондација Биро за развој на демократијата во странство, Холандија.
Партнери: ГО Еко свест
Време на реализација: 05/2016-06/2016
Буџет: 1.826 ЕУР
Општа цел: Да се дефинираат решенија за одржлив развој на Националниот парк Галичица, со кои ќе се надминат проблемите со штетните економски активности. Посебен акцент на паметниот транспорт на брегот и во Охридското Езеро, кое е дел од Националниот парк.
Краток опис: Јавна расправа, 21 јуни во Охрид, 10-14 часот, 47 учесници, следеа медиуми. Говорници и модератори: Наташа Амдиу, претседател на Зелениот институт; Лилјана Поповска, пратеник од зелените; Ана Чоловиќ-Лешоска, Еко свест; д-р Трајче Талевски, Драгана Велковска, Илина Арсова и Климент Арнаудов, Охрид СОС; Проф. Бети Дејанова, Медицински факултет; Проф. Јане Ацевски, декан, Шумарски факултет; Александар Јованоски, ЕДЕН, Туристички кластер на Југозападна Македонија.
Активности:
Преку два панела, говорниците се осврнаа на развојните планови на Галичица и влијанието врз животната средина и луѓето, а потоа ги истакнаа можните решенија и одржливи начини на развој на регионот со алтернативни форми на туризам, со презентација на паметен Охрид, како еко-пријателски концепт, од експерти од Еко Свест.
Резултат:
- Јавна промоција на Смарт Охрид од Еко Свест, еколошки концепт за целот охридско крајбрежје.
- Одржлив развој на Националниот парк Галичица преку: алтернативни форми на туризам; одржлив транспорт (велосипеди, мал е-автобус, соларен брод).
- Кампања за спас на нашето природно наследство - Националниот парк Галичица како неопходност.
3) Конференција: Зелените политики како катализатори за развој на македонската демократија и квалитет на живот
Донатори: Фондација Биро за развој на демократијата во странство, Холандија.
Време на реализација: 08/2016-10/2016
Буџет: 9.877 ЕУР
Општа цел: Да се придонесе за создавање критична маса зелени активисти и поддржувачи во Македонија, подготвени да преземат заедничка акција со цел имплементација на стандардите за човекови права и покренување на прашањата за зелените политики, со крајна цел да станат приоритети на Владата.
Краток опис: Дводневна конференција, 24-25 септември во Скопје, 97 учесници (активисти за човекови права и зелени активисти од 30 општини), широка медиумска покриеност, говорници: Наташа Амдију, претседател на Зелен институт; Рајнхард Бутикофер, пратеник во Европскиот парламент, копретседавач на Европската зелена партија; Розали Смит, директор на Фондацијата Биро де Хелинг, Холандија; Лилјана Поповска, лидер на Зелената партија ДОМ; Љуљзим Хазири, извршен директор на ГО АДИ Гостивар, Претседател на ad hoc Мониторинг тело за медиуми; на работилниците - експерти од граѓански организации и од зеленото движење.
Активности:
1. Панел: Придонес на зелените политики кон развојот на демократијата и квалитетот на животот.
2. Панел: Приоритети на зелените политики во Македонија во функција на демократијата и квалитетот на животот.
3. Четири (4) паралелни работилници на теми:
- Човекови права и демократија
- Социјална правда
- Животната средина и квалитетот на животот
- Зелена економија и зелени работни места.
4. Дебата за алатките за застапување и лобирање кон подобрување на политиките и законодавството, за горенаведените теми.
Резултати:
- Дефинирани 4 приоритети и теми на Зелениот институт за идните активности.
- Конечните заклучоци од секоја од 4-те области користени за идните активности на зелените активисти во Македонија и беа основа за следниот проект, како продолжение (дискутирање и проверка на наодите од работилниците со граѓаните).