„Одржлив туризам: Мрежа на еко-пријателски акции“ (STEFAN - Sustainable Tourism: Eco-friendly Actions Network) во рамки на Програмата ЕРАЗМУС+ (КА2 – Соработка за иновација и размена на добра)
STEFAN е проект на ЕРАЗМУС+, кој е фокусиран на развој на иновативна образовна платформа за е-учење и креирање едукативен материјал фокусиран на практични задачи и нови информатички технологии во европскиот туристички сектор. Во имплементацијата на проектот ќе бидат вклучени следните земји: Чешка, Шпанија, Северна Македонија, Словенија, Унгарија.
АКТИВНОСТИ И ИСХОДИ ОД ПРОЕКТОТ:
- Канцелариски истражувања во партнерските земји
- Креирање методологија, алатка за валидација на компетенции, материјал за обука на тутори
- Креирање на 6 модули за учење
- Пилотирање
- Финализирање на 6-те модули за учење
- Креирање тематска брошура и тематска тура