- Зошто ги мапирале баш овие локации со #ЗеленКруг во рамки на оваа #ЕкоАкција? - линк
- Што им треба на граѓан(к)ите во општините?
Овие прашања им ги поставивме на граѓан(к)ите при средбите со нив, откако беа поставени зелени кругови, кои ги мапираа едни од најжешките проблеми во општините од страна на граѓан(к)ите кои ни се обратија, за да бидат дел од оваа иницијатива. Забележавме масовно придружување од нивна страна, со што инициравме решавање на повеќе проблеми што нè мачат, како на пример немањето доволно контејнери , диви депонии
, загаденоста на околината - воздухот
, почвата
, водата
. Некаде се покажа и потребата од велосипедски патеки
, сензори за мерење на аерозагадувањето
, промена на азбестни цевки
и покриви
, или пак потреба од развој на рурален и/или еко-туризам
?
Граѓаните поставуваа #ЗеленКруг за да го направат проблемот видлив и заедно, со наша поддршка, да се зајакнат за застапувањето на локалните проблеми што нѐ мачат сите.
Тимот на Зелен институт испрати ,,Зелени кругови" за обележување и потоа заедно упативме барања до надлежните институции за решавање на проблемите на граѓаните од Вашата општина.